По повод отварањето на новата спортска сала во ООУ “Добре Јованоски” во Прилеп, во недела со почеток од 10:30 часот, ќе се одржи хуманитарен спортски хепенинг.
Програмата ќе започне со ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Победа и ФК Пролетер, а ќе се одиграат уште натпревари во кошарка, ракомет и одбојка.
Ова ќе биде одличен начин да се испроба новата спортска опрема во салата која е четврта спортска сала која се изгради во градот под Марковите Кули.