Прилепскиот фризерски еснаф и прилепските спортисти со потег кој треба да го поддржат сите хумани граѓани и компании.
Денеска пред општата болница “Борка Талески” во Прилеп, фризерите, берберите, козметичарите…, потпомогнати од спортисти, донираа голема количина вода и овошје за пациентите и медицинскиот персонал.
Хуманата мисија беше поддржана од повеќе граѓани, како и од дел од фирмите.
Се собра голема количина на овошје и вода кои се неопходни за болните пациенти од кopoнавиpycoт, но и за лекарите, мецисинските сестри и целиот медицински персонал, кои се борат за секој живот во болницата.
Секоја чест! Се надеваме дека оваа акција ќе биде поттик за сите хумани граѓани и фирми да продолжат со донирање и помош и во наредните денови.