Вчера по повод “8ми Март”, Денот на жената, децата координатори реализираа хуманитарна акција во центарот на Прилеп. Оваа хуманитарна акција реализира продажба на цвеќиња по симболична цена, а собраните средства беа донирани на семејството Шамбевски, односно за помош при лекување на мајката на двете малолетни деца. Оваа акција беше позитивно оценета од сите донатори кои несебично донираа и придонесоа за среќата на мајката, но за возврат добиваа цвеќе за да можат да усреќат и друга жена, која го слави овај интернационален ден. Со дел од собраните средства децата купија најнеопходни прехрамбени продукти, а останатите и беа лично врачени. Целиот тим беше во посета на ова семејство, каде што можеше да се забележи среќата на нивните лица, но и се разговараше за социјалниот живот со претпоставени лица од Детската Амбасада.
– Целта беше целосно остварена, но секако Детската Амбасада за Сите Деца во Светот оваа фамилија ќе ја посети повторно и во следната предвидена хуманитарна акција која следи, односно за престојниот голем празник Велигден. Во оваа прилика на понежниот пол им го честитаме овај за нив значаен празник.
Oд Амбасадата упатауваат голема благодарност до Општина Прилеп, “Марте Екоцвет” од Битола и кафе “Селект” од Прилеп, кои што помогнаа за успешна реализација на оваа активност.