Хронично болните и бремените утре и задутре ослободени од работа поради ниските температури

snezen-pat-1

Центарот за управување со кризи денеска на итна седница поради екстремно ниските температури во Македонија, од 28 степени под нулата, донесе одлука утре и задутре бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работа.

На бројот 195 засега нема посериозни пријави.

Ситуацијата будно се следи, патиштата се исчистени и проодни, а се препорачува луѓето да не излегуваат од дома доколку немаат потреба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.