По десетти пат во Прилеп се организираше Божиќниот ручек од страна на Детската Амбасада за сите деца во светот. Овој јубилеен ручек повторно на едно место собра 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада. Христовото раѓање беше одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки. Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата предизвикаја воздишки кај сите присутни и на најубав начин го доловија раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.
Од Детската Амбасада за сите деца во светот беше доделено престижното признание за општествена одговорност Орденот за носител на мирот, на А.Д. “Фершпед” од Скопје.
На децата им беа доделени пакетчиња за слатки сеќавања на Божиќниот ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.
Божиќниот Ручек го благослови неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Администратор Австралиски и Новозелански Господин Петар.
Свеченоста ја збогатија со свој настап и Градскиот детски хор “Мали Ангели” од Прилеп, а за културно-забавниот дел се погрижија наградените деца од Интернационалниот детски музички фестивал “Ѕвездички” oд Прилеп.
Имаше присутни и гости од естрадата, и тоа македонскиот идол Христијан Тодороски, како и Ален Хасановиќ, ѕвездата од минатогодишните Ѕвезди на Гранд.
Покрај Орденот за носител на мирот, се доделија и плакети Плакета ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за сите деца од светот, одлучи со тоа да ги награди најзаслужните, а тоа се: Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Администратор Австралиски и Новозелански Господин Петар, ИМБ Млекара А.Д. од Битола, Ротари клуб од Битола и Интернационален Детски Музички Фестивал „Ѕвездички“ од Прилеп, .
Организацијата на овој јубилеен 10ти Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, покровителството на градоначалникот на Општина Прилеп, Г-дин Марјан Ристески, Алкалоид А.Д. од Скопје, Охридска банка од Скопје, Дојран Стил од Дојран, Жикол од Струмица, Прилепска Пивара од Прилеп, ИМБ Млекара А.Д. Битола, Маркоски 93 од Струга и Медиа Принт Македонија од Скопје. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Алфа Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Канал Визија, Сити медиа, Акцент медиа, дневните весници Дневник, Утрински Весник и Вест, веб порталите Маркукуле, Плус Инфо, Репортер, Револуционер, 10без10 и Шеталиште.
[Best_Wordpress_Gallery id=”116″ gal_title=”BozikenRucek”]