Христијан Петрески нов Спортски директор на Победа

Со одлука на Бордот на директори на ФК Победа на упразнетото место Спортски директор на прилепскиот прволигаш е назначен Христијан Петрески.

Тој досега ја извршуваше функцијата технички секретар во клубот.

Петрески е дете на Победа, ги минал сите клупски категории од пионерска до сениорска екипа, а беше и капитен на прилепските црвено-бели.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.