Христијан Мицкоски ќе објави нов скандал на Владата во 13 часот !

Јавноста е сведок на колективен грабеж полош од транзицијата, а врвот на тоа криминално стебло доаѓа од највисоките функционери на власта. Пред неколку дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави случај каде постои сериозен сомнеж за криминал кој се одвива на дневна основа, а денес најави нов скандал.

“Вистинското лице на власта е она кое е полно со скандали, криминал и неработа. Тој канцер метастазира. Животот дојде само за неколкумина додека сите останати го живеат тешкото секојдневие”, напиша на својот фејсбук профил Мицкоски.

Тој најави нов скандал за начините и методите по кој работи власта и за тоа како само со неколку потписи и постапки се вртат милионски суми на пари и како се користат функциите дадени од граѓаните за лични бизниси и енормни заработки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.