Ќе победиме, ќе победи честита Македонија. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предмалку во Струга ја отвори конвенцијата на која се избира претседателскиот кандидат на партијата.
Кога секој поединец се наоѓа себеси во мачна борба кон подобар живот, мачно секојдневие со борба, од оваа наметната црнила, кога се бори со ветерници, и иако го дава најдоброто од себе, не успева. Не успева зошто внатрешниот систем е против него, општеството е труло. На ваква раскрсница, потребна е надеж и светлина, рече пред делегатите претседателот на партијата Мицкоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има огромен мотив за оваа борба – успешна Македонија, која е нивната единствена цел.
Го земам бајракот во раце, го земаме заедно, и ви велам: Ќе победиме! Ве гледам во очи и велам: Ќе победи честита Македонија!, порача Мицкоски.
Мицкоски рече дека овие избори ќе бидат жолт картон за Зоран Заев и СДСМ и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи гласот на народот да не се чуе.
Да ја вратиме правната држава! Пет месеци нема разрешница за насилното гласање на
Мицкоски рече дека го има одговорот за тоа каков треба да биде кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидат кој ќе покаже кичма, кога други ја виткаат, да покаже достоинство, стабилност, да се исправи пред неправдите. Човек кој ќе го почитува Уставот, во време кога не го почитувааат. Кој ќе го почитува гласот на народот, кога никој не го почитува, порача Мицкоски.
Мицкоски најави победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат.
Да испратиме порака дека Македонија е на сите граѓани, секој треба да гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е време кога мора да се гласа! Нема подобро решение да победи човек од опозицијата, кој ќе биде глас и разум на сите граѓани на Република Македонија.
Мицкоски порача дека оваа недемократска и неспособна власт на чело со Зоран Заев, мора да се сопре.
Веќе не се зборува за повисока пензија, туку за останување на истата или намалување. За плата од 500 евра уште се сонува. Поради неспособноста во здравството умираат луѓе. Што друго треба да се случи за овие луѓе да поднесат некаква одговорност? Правда нема, ако поднесете нешто во Антикорупциска, ве чека баџанакот на Џафери. ЕЛЕМ и МЕПСО место гиганти се дулво на партиски вработувања. Нечеститост!, порача Мицкоски.
Мицкоски порача дека доста е од поделби, доста нè делат на табори.
Ќе го посетиме секој град и село, ќе влеземе во секој дом, ќе развиориме бајрак на заедничка борба. Некои политичари мислат само на наредните избори, ВМРО-ДПМНЕ мисли и работи за наредните генерации, порача Мицкоски.
Да живее самостојна суверена Република Македонија!