Христина Нунеска од Прилеп освои сребрен медал на Меѓународната Олимпијада по финансиска математика и актуарство

Христина Нунеска, ученичка во СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски Питу“ –Прилеп под менторство на проф. Билјана Ѓорѓиеска и проф. Жарко Смоквоски, учествуваше на Меѓународната олимпијада по финансиска математика и актуарство.

Таа го освои сребрениот медал на Олимпијадата, која се одржа во Скопје на 24.03 оваа година .

Учествуваа математичари од 5 земји: Бугарија, Русија, Казахстан, Туркменистан и Македонија.

,,Оваа ми е прва Меѓународна олимпијада на која учествувам. Не можам да кажам дека беше лесно со оглед на тоа дека имав само две недели да се подготвам. Материјалот беше од четврта година, а јас сум трета. Вложив сé од себе и успеав да го научам материјалот во две недели, а истиот се учи цела година. Имав јака конкуренција. Тука се учениците од Русија кои се врвни математичари, а ништо подолу не беа ни учениците од останатите земји. Професорите исто така дадоа сé од себе за да ми го пренесат знаењето. Среќна сум што на моето училиште му донесов сребрен медал од натпревар како што е оваа Меѓународна олимпијада и го претставив моето училиште во најдобро светло што можев. “- вели Христина Нунеска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.