Нутриционистката од реалното шоу „Живот на вага“, Мартина Линариќ им објаснила на натпреварувачите кои се правилата ако сакаат да ослабат и зошто воопшто се доаѓа до дебелина и влошување на здравјето.
На кандидатите им одржала предавање за штетноста на шеќерот и солта и им објаснила колку ги има во намирниците.
Објаснила дека дневното ограничување на шеќер за мажи е 36 грама, односно 7 коцки, а оваа количина ја препорачува и Светската здравствена организација.
За жените се препорачани 5 коцки, односно 24 грама.
Во две лажици кечап, кој сите го конзумираме, има 8 грама шеќер, што е скоро 2 коцки.
Мартина исто така му нагласила на натпреварувачот кој пиел 6 литри газирани сокови дека со тоа внесувал 690 грама шеќер, а тоа е цела тегла.
Што се однесува до солта, Светската здравствена организација препорачува внесувањето да биде околу 5 грама дневно за здрава личност. Се над оваа количина е подлога за развој на кардиоваскуларни болести.
-Солта може да се замени со куркума, рузмарин, ловоров лист, магдонос и други зачини – препорачува нутриционистката.