ХРВАТОТ ПОЛУДЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Еве како британскиот новинар го разлути Лука Модрич

На последната прес-конференција за медиумите, пред мечот со Нигерија, новинарот на британски “Гардијан” го “извади од такт” хрватскиот фудбалер Лука Модрич.

Британскот новинар го праша Модрич за пресудата на Здравко Мамич во процесот кој во Хрватска е покренат против него, во врска со лажно сведочење. Новинарот на “Гардијан” го замоли фудбалерот да го прокоментира целиот случај.

Видно изнервираниот Модрич му одговори:

“Немате ништо попаметно да прашате? Ова е Светско првенство. Колку долго се подготвувавте за ова прашање?”

Британскиот новинар му одговори, но луѓето од ФИФА му го исклучија микрофонот, па одговорот не се слушна.

Да потсетиме, Хрватска игра во Група Д со Аргентина, Нигерија и Исланд. Хрватите првиот меч го играат против Нигерија вечерва во 21 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.