Храмот „Св. Петка“ во Прилеп – ЦВЕТЕН БИСЕР И ДУХОВНО-КУЛТУРНО СВЕТИЛИШТЕ ВО СРЦЕТО НА ПЕЛАГОНИЈА (Фото галерија)

Повелете во храмот „Св. Петка“ во Прилеп – место каде духовноста, архитектурата и природната убавина се спојуваат во единствена хармонија. Иако релативно нов, храмот веќе се вбројува меѓу најубаво уредените православни храмови во Македонија.

Со својата впечатлива архитектура, прекрасно уредено двориште исполнето со стотици ружи, разновидно цвеќе и ретки украсни зимзелени и листопадни дрвја и растенија, храмот оправдано го носи епитетот „ЦВЕТЕН“. Храмот, кој плени со својата убавина, за кратко време прерасна во духовна и културна оаза за прилепчани и сите добронамерници.

ХРАМОТ „СВ. ПЕТКА“ – РИЗНИЦА НА ДУХОВНО БОГАТСТВО И СВЕТИ МОШТИ

Верниците можат да се поклонат пред свети мошти од некои од најпочитуваните светители:

– СВ. НИКОЛА Мирликиски Чудотворец – патрон и закрилник на Прилеп и еден од најпочитуваните светители во целиот христијански свет
– СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – патронот на МПЦ-ОА и закрилникот на Македонија
– СВ. ХРИСТОФОР – маченик за Христа од III-от век, патрон на ветеринарскиот еснаф во Прилеп
– СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН – чудотворец кој важи за еден од најпочитуваните светители во православието
– СВ. НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ – големиот исцелител, особено за оние што страдаат од канцер и други серизни болести и важи за еден од највозљубените светители на православието,
– СВ. СПИРИДОН – неговите чудoтвoрни мoшти на oстрoвoт Крф и дeн-дeнeс гo прoславуваат Бoга сo мнoгутe чуда,
– СВ. ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ и други.

ПОСЕБНИ СВЕТИ РЕЛИКВИИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ РЕДОК БЛАГОСЛОВ

– ЧЕСТИЦА ОД МАМВРИСКИОТ ДАБ, вградена во икона на Света Троица, каде Пресветата Троица му се јавила на праотецот Авраам. Се проценува дека Мамврискиот даб односно честицата е стара повеќе од 3800 години а според некои верувања дури и 5000 год.
НАЈВАЖНА СВЕТА РЕЛИКВИЈА
– Посебно богатство на храмот е и ЧЕСТИЦА ОД ЖИВОТВОРНИОТ КРСТ НА КОЈ БИЛ РАСПНАТ НАШИОТ СПАСИТЕЛ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, вградена во уникатна ѕвезда во икона на која се насликани Светиот цар Константин Велики и неговата мајка царицата Елена, која го пронашла светиот Крст.
 ВПЕЧАТЛИВА АРХИТЕКТУРА
Храмот претставува архитектонски бисер кој импресионира со својата грандиозна форма и внимание кон деталите.
 ПРЕКРАСНО ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДЕНО ДВОРИШТЕ
Идеално за фотографирање, размислување и уживање во мирот меѓу стотиците цвеќиња и ружи.
 ПАРКИНГ И ПРИСТАПНОСТ
Обезбеден е простран приватен паркинг, погоден и за автобуси и туристички групи, со што храмот е лесно достапен за сите.
 ЦРКОВЕН ХОР „СВ. ПЕТКА“
Со своето возвишено црковно пеење, хорот редовно ги збогатува неделните и празничните богослужби, давајќи дополнителна убавина на литургиите.
 ОСВЕЖУВАЊЕ СО КАФЕ И ЧАЈ
Посетителите можат да се освежат со кафе или чај во дворот, опкружени со цвеќе и тивка духовна музика што нежно се слуша преку целиот ден.
 ДУХОВНИ И КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ НАСТАНИ
На платото пред храмот и во самата црква често се одржуваат концерти на духовна, класична и етно музика, промоции, детски активности и други културно-образовни настани, со вклучување на младите од прилепските училишта.
ЛОКАЦИЈА
Храмот се наоѓа во нас. Точила – Прилеп,
Храмот „Св. Петка“ е нов духовен светилник на картата на македонските свети места. Место каде луѓето доаѓаат не само да се помолат, туку и да се сретнат, да се смират, да се восхитат на убавината на Божјото и човековото дело.
 Во продолжение ви споделуваме галерија со фотографии – дел од секојдневниот живот и убавината на нашиот храм.
 Посетете го храмот и доживејте ја убавината, духовноста и спокојот што ги зрачи




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.