Храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис упатува благодарност до сите верници кои донирале за обновување на фрескоживописот во Параклисот.
-Неискажливи се милостите на Бога со кои Он го просветлува и осветлува секој човек во светот. Секојдневно ние сме опсипани од благодатите на нашиот Отец Небесен, а најголем показател за Неговата безгранична љубов кон родот човечки е, без сомнение, понижението и страданието на Синот и Словото Божјо заради нас, луѓето. Господ Исус Христос, заради нас прими човечко тело и пострада за него на крст. Но на третиот ден Тој славно воскресна, совоскреснувајќи ги и умртвените прародители Адам и Ева и давајќи ни ја сите нас бесценетата можност да совоскреснеме со Него, само доколку веруваме и Го љубиме.
Како благослов и голема благодарност заедно со црковниот одбор и свештеничкото братство, исто така и вработените, при храмот св.св. “Кирил и Методиј” (Параклис) за Своето сесветло и несебичното донирање и помагање изразуваме кон верните ПРИЛЕПЧАНИ И СИТЕ ПОМАГАЧИ на фрескоживописот на Параклисот, но и неговата обнова, кој со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот наш г. Петар се возобнови и се возобнувува се уште. Се надеваме дека еден ден, ќе се заврши ова дело пред Христа Воскреснатиот.
старешина на храмот,
протоереј Дејан Секулоски заедно со свештеничкото братство при истиот храм Ве поздравува вас добри прилепчани и останатите добронамерници, помагачи на нашиот храм, со најрадосниот поздрав ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!