Хороскоп: Каква е вашата цел во животот?

Сигурно сте слушнале дека секој си има своја цел на овој свет. Ѕвездите исто така го делат тоа мислење. Дури се смета дека ако акциите ви се насочени кон други работи, а не кон вашата мисија, никогаш нема да се чуваствувате здоволни и исполнети. Значи, драги дами, ако сакате хармонија и среќа, погледнете кон што треба да се стремите според вашиот хороскопски знак. На накои од вас можеби овие улоги нема да им се допаднат, други ќе одречат дека се однесуваат на нив. Но астрологијата е категорична!

ho500

Овен

Жените Овен се тука да се борат за своите каузи и каузите на блиските. Тие не треба да се пренесуваат и не треба да дозволуваат некој да ги манипулира и скрши. Или со други зборови, тоа се жените борци.

Бик

Овие дами имаат мисија во турбулентните мориња да создаваат прекрасни и спокојни острови. Односно, тие треба да се стремат кон семејниот комфорт, распоредот на убав дом, балансот помеѓу семејството и кариерата. Вкупната цел им е да покажат дека жената може да биде и нежна и успешна насекаде.

Близнаци

Вие сте тука за да комуницирате и да ги поврзувате луѓето. Да дејствувате брзо и да имате решение за секоја ситуација. Ќе биде добро од време на време да земате некој под крило и да го обучувате на се што можете и знаете.

Рак

Жените со овој знак се пазителите на моралот, семејството и традицијата. Тие се посветени мајки и верни сопруги. Треба многу сериозно да ја прифатат и да ја исполнат својата судбоносна цел, бидејќи стабилноста на општеството во голема мера зависи од нив.

Лав

Лавиците имаат за цел само да бидат кралици! Тие треба да ги насочуваат останатите кон похумани каузи и духовен развој.

Девица

Тоа се деловните жени. Квалитеот на нивнта работа е основа за материјалната стабилност на нивните блиски. Тие треба да бидат пример со својата перфекција и уредност на мисли и акции.

Вага

Жените со овој знак треба да бидат муза. Тие имаат талент за естетика, можат да разговараат со секој и тешко лицемерничат.

Скорпија

Скорпиите се солта на животот. Фатални, примамливи, неразбирливи жени. Нивната цел е да покажат дека имагинацијата ти работи и дека секое слатко и грешно нешто си има своја цена. И треба да си апсолутно сигурен дека можеш да ја платиш.

Стрелец

Тоа се жените идеалисти. Нивната цел е постојано да укажуваат дека животот навистина може да биде прекрасен.

Јарец

Улогата на овие жени е да бидат директори. Буквално! Тие секогаш треба да се стремат кон раководните позиции, бидејќи тие знаат како да движат една организација.

Водолија

Дамите со овој знак треба да бидат…анархисти! односно никогаш да не дозволуваат некој да ги става во рамка. И постојано да им укажуваат на останатите дека правилата можат и да се прекршуваат и не треба да живеат како роботи.

Риби

Целта на Рибите е најтешка. Тие треба да бидат пример за идеална жена – мила, романтична, добра домаќинка, добар партнер, успешна во работата, грижлива мајка, нежна љубовница….Но пак во нив има доволно мудрост и ум, за да најдат начин да се справат со тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.