Дневен хороскоп – квадрат на Венера и Марс носи тензија во семејството и љубовните односи, а многу парови ќе бидат во криза поради влијанието на опкружувањето и љубомората.
Меѓутоа, еден знак на Зодијакот е подготвен да се соочи со препреките, не се откажува од своите соништа и поради искрената верба и желба ќе го следи среќа.
Драги Лавови, и покрај негативното влијание на планетите, денеска ќе ве следи среќа. Ништо не оставате на случајности, па така ќе се обидете да пронајдете заеднички јазик со партнерот и ќе го решите секој проблем.
Вашиот знак е познат по жешкиот темперамент и доминација, но сега сте подготвени за промени и поради тоа односот со партнерот станува постабилен. Љубовната хармонија е блиску, само продолжете да се трудите и Универзумот ви праќа добри вибрации.
За осамените Лавови, ѕвездите предвидуваат интересна средба со личност која ќе остави повеќе од добар впечаток. Направете го првиот чекор, затоа што некои романтични шанси не се повторуваат толку често.
На работа ве очекува повеќе одговорност и можно е да добиете задаќа која ќе ви биде голем тест. Дадете се’ од себе и покажете се во најдобро светло. Можно е веќе до крајот на денот да добиете убави вести за зголемување на заработувачката и непредување.