Кратер со длобочина од метар до метар ипол се појави на улицата “Кеј 1 мај” во Прилеп.
Наш читател кој ни ги испрати фотографиите вели дека дупката е поприлично голема и нема поставено знак за предупредување на улицата.
За среќа засега нема несакани последици, а прилепчани треба да бидат внимателни особено навечер со оглед на тоа дека оваа улица која поминува покрај градската река е доста прометна.
Инаку, во последниот период состојбата со улиците во Прилеп е значително влошена, па дупките и кратерите се се’ почеста појава.
Локалната самоуправа пред некое време истите ги засипуваше со бекатон плочки и чакал.
Новиот живот во Прилеп КРПЕН СО БЕКАТОН И ТАМПОН (ФОТО ГАЛЕРИЈА)