Хорор прашума во центарот на градот: Административци во Прилеп работат во крајно мизерни услови и стравуваат за својата безбедност (ВИДЕО)

Руинирани ходници, тавани пред распаѓање, клозети во мизерна состојба, а капак на се и цела прашума околу објектот.

Во вакви услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп, каде секојдневно стравуваат да не доживеат повреда на работното место.

Во оваа зграда моментално функционираат: Управата за имотно правни работи, Инспекторатот и подрачното одделение за земјоделие, подрачното одделение за правда, канцеларија на министерството за транспорт и врски, подрачно одделение на министерството за економија, пазарниот инспекторат, Општинската изборна комисија и уште десетина невладини организации од кои 2-3 за деца со посебни потреби.

Еве како изгледа просторот околу задниот влез на старата општинска зграда и условите за работа во внатрешноста:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.