ХОРОР ВО СОЛУН: Прекината утакмицата меѓу ПАОК и Олимпијакос

paok- (1)

Натпреварот од полуфиналите на Купот на Грција помеѓу ПАОК и Олимпијакос е прекинат во финишот поради нередите кои ги предизвикаа навивачите на солунскиот тим.

Натпреварот е прекинат при водство на Олимпијакос со 2:1, после исклучувањето на стрелецот на единствениот гол за ПАОК Роберт Мак.

Најпрво тренерот на гостите Марко Силва беше погоден со шише вода во грбот, а потоа навивачите на домаќините почнаа на теренот да фрлаат се што им дојде при рака. Летаа столици, бакљи…

Солунската полиција не успеа да ја смири ситуацијата, па одлучено е натпреварот да биде прекинат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.