Хорор во Прилеп: Татко и син во два дена претепани од поголема група сограѓани, им ги испокршиле автомобилите, а носеле и пиштоли

На 21.07.2024 во ОВР Прилеп, Ј.М.(50) од Прилеп пријавил дека околу 12.15 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп и еден час подоцна пред неговиот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица, од кои дел употребиле и метални предмети.

Исто така, на 22.07.2024 во 03.00 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(28) од Прилеп, син на Ј.М., пријавил дека С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н. и уште неколку лица, сите од Прилеп, влегле во неговиот двор и со тврди предмети ги оштетиле возилата „лада“ и „фолксваген голф“, кои биле во дворот, а физички нападнале еден од неговите малолетни внуци.

Како што е пријавено, С.В. и В.А. носеле и пиштоли, но не ги употребиле. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави – стои во соопштението од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.