Ја грабнал, ја киднапирал, ја претепал, па и рекол ајде да се смириме. Овој хорор се случил викендов во Тетово, кога 33-годишната тетовчанка Ј.А. вчеравечер околу 22 часот, враќајќи се пешки кон својот дом била киднапирана од нејзиниот поранешен сопруг, 31-годишниот С.А. со кого судски се разведени.
-Тој насилно ја внел во возило„ Голф“ и физички ја малтретирал, повеќе пати удирајќи ја по главата и телото, по што се упатил кон две околни тетовски села, каде продолжил со малтретирањето. Откако се вратиле назад во Тетово поранешниот сопруг и предложил да се смират и повторно заеднички да живеат, но таа одбила таква можност и тогаш ја пуштил да замине дома, информираат од СВР Тетово.
Набрзо потоа, Ј.А. го пријавила случајот во полициска станица.