Холанѓаните секогаш ја отвораат вратата со десната рака кога излегуваат од автомобилот- причината ќе ве натера на истата навика (ВИДЕО)

Кога излегуваат од автомобилот, Холанѓаните не ја отвораат вратата со лева рака, туку со десната. Оваа едноставна промена на навиките која повеќето други возачи ја имаат кога излегуваат од автомобилот може да спаси бројни животи – велосипедисти, возачи и други учесници во сообраќајот.

Ваквиот начин на отворање на вратата во текот на излегувањето од автомобилот добил дури и свој назив – „Dutch Reach”, а функционира на следниот начин:

Кога сакате да излезете од автомобилот, фатете ја вратата со десната рака. Со тоа, вашето тело е приморано да се ротира така што ќе го видите патот зад вас и навреме ќе можете да реагирате доколку се најдете во потенцијално опасна ситуација – односно ако кон вас оди велосипедист, пешак или друго возило. Дури и доколку не погледнете право на патот, во најмала рака ќе бидете приморани да погледнете во ретровизорот.

Како што јавува “NY Times”, во САД е забележан најголем број на смртно настрадани велосипедисти во последните 30 години, а слична е бројката и во Велика Британија. Најчестите несреќи се случувале токму поради невнимателното отворање на вратите на возилата од страна на возачите. Во Велика Британија во 2016 година, дури 600 лица загинале или биле повредени поради невнимателно отворање на вратата од автомобилот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.