Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, реагира на навредувачкото именување на Македонците како Северни Македонци од бугарскиот новинар Георги Готев од онлајн-магазинот за европски прашања „Еурактив“.
„Овој ултранационалистички политикант/новинар повторно греши. Северни Македонци воопшто не постојат. Македонци да и не мора некој да биде историчар (доволно е да е само читач на весници или на магазини од времето на отоманското владеење) за да знае дека тој греши и за југословенската измислица“, објави Ван ден Берг нна Твитер.
Твитот на директорот на БИП е реакција на тој на Готев во преписката со дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска, во кој Бугаринот вели: „Курди постојат. Северни Македонци постојат откога Југославија ги измисли“.
Готев е автор на написот во „Еурактив“ што крена прав во Македонија, а во кој, повикувајќи се на извор во Советот на ЕУ пред денешниот видеоконференциски самит со Западен Балкан, тврди дека „лидерите на ЕУ го повикаат Скопје да го реши историскиот спор со Бугарија“.
This ultranationalist politico/journo is once again wrong. North Macedonians do not exist at all. Macedonians do, and one does not have to be historian (just reader of papers of magazines at the time of Ottoman rule suffices) to know that also on Yugoslav fabrication he is wrong. https://t.co/OF7tZR81y0
— Hans van den Berg (@bipdirector) May 5, 2020
Извор: “Експрес.мк”