Холандија вреди колку 10 македонски репрезентации: Еве колкава е цената на секој наш играч на трансфер пазарот

Македонската фудбалска репрезентација со дуелот против Австрија на 13.06, го започнува првото историско учество на Европските шампионати.

Во групата Ц со нас уште се Украина и фаворизираната Холандија. Иако на хартија сите наши противници вредат многу повеќе, тоа може ништо да не значи. Нашите момци тоа го покажаа со победата над Германија на гостински терен, чија репрезентација вреди околу милијарда евра.

Според најпознатиот сајт за проценка на вредноста на играчита “transfermarkt.com”, нашата репрезентација е проценета на 61,8 милиони евра.

Највреден во редовите на Македонија е Елиф Елмас, чија вредност се проценува на 17 милиони евра. Веднаш зад него е Барди, кој на трансфер пазарот вреди 15 милиони евра.

Потоа Адеми со 8,5 милиони и Алиоски со 5 милиони евра. Капитенот Горан Пандев е проценет на 500.000 евра, а голманот Столе Димитриевски 1,2 милиони.

Репрезентацијата на Холандија е проценета на 637 милиони евра, а највредни во составот на Холаѓаните се играчот од одбраната на Јувентус, Матијас Де Лихт (75м.) и Френки Де Јонг од Барселона (90м.).

Австриската репрезентација вреди 320 милиони, а Украинците на трансфер пазарот се проценети на 197 милиони евра.

Од Македонија на Европското првенство помалку вреди само репрезентацијата на Финска, чија вредност е проценета на 44 милиони евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.