Драган Спасов Дац на својот Фејсбук профил објави фотка која ги сруши социјалните мрежи. Актерот напиша дека за време на претстава во Драмскиот театар снемало струја, а за да се одигра одличната претстава до крај помогнала публиката.
– Во Драмски на пола представа, а и во цел Карпош снема струја. Ова е селфи со публиката која ни помогна со нивните телефони да го доиграме првиот дел. Браво за публиката!, напиша Дац под фотката која стана хит.
Фотографијата доби безброј лајкови и коментари.