На меморијалниот ракометен турнир “Миле Нешкоски” во Прилеп вчера се одиграа натпреварите од вториот натпреварувачки ден, каде Прилеп го доживеа вториот пораз овојпат од Тиквеш, а екипата на Врање славеше убедлива победа над Куманово.
Кавадарчани со 28-26 беа подобри од РК Прилеп, но публиката за овој пораз упати големи критики кон судиската двојка на натпреварот. Со овој пораз домаќините на турнирот ги изгубија шансите за висок пласман, а екипата на ГРК Тиквеш вечерва со почеток од 20 часот ќе атакува на втор триумф против Еурофарм Пелистер 2.
Хит на турнирот вчера беше тренерот на ГРК Тиквеш, Драган Марковиќ, кој по влечки го водеше тимот кон победа во Прилеп. Дали ваков аутфит одговара на тренер….оставаме да процените самите.