Пред четири дена жителите на седум струшки села, кои гравитираат на потегот кон граничниот премин Ќафасан, со 30 минутна блокада на магистралниот пат Струга – Ќафасан искажаа револт за лошата состојба на коловозот и неисполнетите ветувања за негова реконструкција.
Тврдат дека секоја година добиваат ветување за реконструкција на овој патен правец, но добивале само лошо санирање на дупките, кои се небезбедни за сообраќај.
Сепак „шоуто“ го украде еден млад дечко со објасунување како изгледа патот, кој на крајот ги изгуби нервите со новинарите.