Во Чешка планираат отворање на терасите на кафулињата и рестораните на 25 мај, па од еден ресторан се пошегуваа како би изгледала услугата и плаќањето на сметката откако ќе отворат.
„Не сакаме ништо да препуштиме на случајност. Очекуваме растојание од метар и пол меѓу гостите и персоналот. Развивме интерни методолошки правила и моментално ги спроведуваме во пракса со тимот и спремни сме на сите потенцијални потешкотии“, се шегуваат од овој ресторан.