Александар Здравески од Прилеп кој работи како хирург во Стара Загора во Бугарија, е кандидат за советник од Бугарската социјалдемократска партија, за престојните локални избори кај источниот сосед.
Локалните избори во Бугарија ќе се одржат на 29. октомври, а Здравески најавуваќи ја својата кандидатура на својот ФБ профил во петокот напиша:
“Верувам дека петок 13 не е прослава на лошото и црното, но може да донесе среќа и успех на оние кои го бараат. Време е да ви кажам дека ќе се борам за вашата доверба на изборите за општински советници. Ме познаваш и знаеш дека секогаш можеш да сметаш на мене. На 29 октомври сметам на ВАС”.