ХИЛАРИ КЛИНТОН ПУКНА! ТРАМП убедливо победува ширум Америка!

heres-why-donald-trump-56467

Точно според прогнозите: третиот американски супер вторник му припадна на водечкиот меѓу Републиканците – милијардерот Доналд Трамп.

Како што пренесуваат CNN, Fox News и CNBC, Tрамп победил во сите пет држави во кои се одржаа предизбори: во Конектикат, Мериленд и Пенсилванија, Делавер и Род Ајленд. Според прелиминарните податоци, добил повеќе од 50 % од сите гласови во сите пет држави!

 Во Конектикат и Род Ајленд за него гласале околу 64 % од бирачите на Републиканците. Во Конектикат неговиот главен ривал Тед Круз добил само 11 %, а гувернерот на Охајо, Џон Кејсик,     23 %.

Во овие пет претходно споменати држави, борбата се водела за вкупно 172 делегатски гласови на конгресот на Републиканската партија, кои во јули ќе одлучуваат за кандидатот за претседател на САД.

Како што јавуваат агенцијата Associated Press и CNN, Хилари Клинтон го победила Берни Сандерс во Мериленд и Пенсилванија, а води и во Конетикат со 53:45 %. Меѓутоа, Сандерс е во водство во Род Ајленд со 55:43 %.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.