Во третото последователно финале во Европа лигата, екипата на Севиља стигна до третата последователна титула.
Финалниот натпревар против Ливерпул иако требаше да биде неизвесен до самиот крај, Севиља го претвори во убедлив триумф и го совлада Ливерпул со 3:1.
После почетните минути на измерување на силите, Ливерпул прв стигна до водство со голот на Даниел Стариџ во 35-та минута. Сепак последните 10 минути од полувремето и покрај силниот налет на фудбалерите на Ливерпул, не им донесоа зголемување на водството. Дејан Ловрен постигна гол, но беше во офсајд.
И кога сите мислеа дека Ливерпул е тој што повеќе ја посакува титулата и дека го умртви противникот, во второто полувреме гледавме една многу поразлична Севиља.
Па само после 18 секунди во вториот дел, Кевин Гамеиро го започна големиот пресврт, при асистенција на Мариано.
Нападите и акциите на Севиља се нижеа една по една, а Ливерпул како да го немаше на теренот.
Играчот и капитенот на Севиља, Коке, од кого најмалку се очекуваше, со разорен удар надвор од шеснаесетникот, напрвин во 64-та донесе водство од 2-1, а потоа во 70-та минута го матира Ливерпул и ги сруши надежите на “црвените”, за европска слава по слабата сезона во Премиер лигата.
Севиља направи чудо! Tри години е неприкосновена екипа во Европа лигата и се специјализира за ова натпреварувањe, испишвајќи цела една фудбалска историја.
А.Г.