Херојот од Кочани прогласен за најхуман во 2018: Донирал орган и спасил млад живот

етириесет и деветгодишниот Киро Стојов од Кочани е едноставен и добродушен човек, кого неговите сограѓани долги години го знаеја како момчето со велосипед кое разнесува весници. Тој го доби општинското признание за хуманост за 2018 година, па јавноста ја дозна и приказната за неговото широко срце, што дотогаш им беше позната на потесен круг негови познаници и пријатели. Не поради тоа што таа не заслужува пошироко внимание, туку затоа што Стојов од скрoмност не ја раскажуваше толку често – објави “Курир”.

Давањето орган за пресадување од жив донатор е редок случај, не само за македонски услови, туку и за поширокиот балкански простор. Токму Стојов е меѓу неколкуте благородни луѓе кај нас, чиј случај за доброволно донирање дел од црниот дроб за лице со кое не е во роднински врски, го сврте вниманието на кочанската јавност, која без дилеми даде поддршка на предлогот тој да ја добие наградата за најхумана личност.

„Со семејството Манови од Кочани имав деловни контакти повеќе години и знаев за сериозните здравствени проблеми на нивната ќерка Ленче, која страдаше од автоимуно заболување, поради што животот ѝ беше загрозен. Скапите медицински испитувања на кои беше подложена покажуваа дека болеста напредува и само пресадување на црниот дроб може да ја спаси од најлошото. Извесен период нејзиното семејство бараше донатор, но тоа не беше едноставно бидејќи дотогашните опции не даваа голема сигурност за совпаѓање на потребните параметри за успешност на постапката. Токму во тој период на безнадежност еден телефонски повик кај мене ја поттикна желбата да помогнам, па се согласив да направам почетни испитувања дали јас можам да бидам донаторот. Тестовите беа позитивни и решив заеднички со Ленче да ја започнеме долгата и детална процедура за пресадување. Дополнителна поддршка добив и од моето семејство, иако сите бевме свесни за опасностите и можните несакани последици. Сепак, воопшто немаше дилеми – ќе помогнам за да може друг млад живот да продолжи“, раскажува Стојов за почетоците на својата хумана мисија.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.