Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите на двете држави, денеска во Псарадес (Нивици) на грчката страна Преспанското езеро го потпишаа договорот за преименување на Македонија.
После потпишувањето, како што е веќе познато, следуваше ручек на македонскиот дел од Преспа во Отешево.
На прославата за потпишувањето на договорот, кој за ВМРО-ДПМНЕ и за огромен дел од јавноста е капитулантски, присуствувале и пратеници од СДСМ меѓу кои и прилепскиот пратеник Хари Локвенец.
Според изразот на лицата на фотографијата, се чини сите се среќни и задоволни со потпишаниот договор и со новото име на Република Македонија.