“Откако од дворот на нашиот сосед пред некој ден одведоа 3 мечки и не известија дека не можеле да го пронајдат јагуарот. Од тогаш ја заклучуваме капијата” велат мештаните на Србобран.
Лајош Хебек, еден од соседите на сопственикот на циркузот вели дека се трага по опасен јагуар, кој инспекторите и ветеринарите не го пронашле во дворот на Милан С.
Во неговиот двор се шетаат лами, а надлежните се обидуваат да го пронајдат и макаки мајмунот. Но она што ги плаши жителите на Србобран е јагуарот, за кој се знае дека бил тука до пред неколку денови.
– Соседството е вознемирено од звуците на животните. Се слуша како удираат со шепите по затворените кафези. Сопственикот е ретко во Србобран. Најмногу е тука по месец дена. Имаше некој чувар кој ги хранеше животните, сега и него го нема. Постојано се случува ламите да истрчаат на улицата. Животните живеат во нехумани услови без доволно храна- објаснува Лајош.
Во последниот преглед на инспекторите и ветеринарите, пронајдена е мала змија питон.
Ф.Г.