Железничар овој викенд имаше прилика да му се доближи на само два бода на првопласираниот Сарево во Премиер лигата во Босна и Херцеговина, но тоа не им појде од рака.
Железничар загуби од последнопласираната екипа на табелата Ѕвезда 09 со 0:1 и тоа во петтата и последна минута од судиското продолжение.
Веднаш потоа судијата свирнал крај на натпреварот, а тоа ги разбуди навивачите кои влегоа на теренот и на непопуларен начин го искажаа своето незадоволство од поразот.
Играчите на двата тима се стрчале кон соблекувалните и само полицијата спречила да не бидат претепани од разбеснетите хулигани.