ХАОС ВО ПРИЛЕП: Купишта ѓубре се трупа во градот, граѓаните се жалат, локалната ја боли уво?! (ФОТО)

Прилеп по се изгледа го губи приматот најчист град во земјата. Фотографии од натрупано ѓубре секојдневно доаѓаат како поплаки од граѓаните.

Веќе неколку дена најгласни се граѓаните кои живеат во должина на речното корито од Дабничка река, каде купишта земја со фекалии и најразличен отпад се растура по улиците.

Граѓаните во овој дел на градот кој се наоѓа недалеку од центарот на Прилеп, апелираат и бараат итна интервенција на комуналните служби.

Велат дождот ја разнесува земјата, а непријатна миризба се шири насекаде.

Слична слика владее и во други делови од градот. По улиците дури има и расфрлан стар мебел и што ли уште не…

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.