Седницата на претседателството на косовскиот парламент беше прекината откако пратеничката Аида Дергути од „Самоопределување“ активираше солзавец.
По овој инцидент, Дергути е уапсена, јавува Танјуг.
На дневен ред на Претседателството е закажување вонредна седница на која пратениците треба да изберат нов претседател, на што опозицијата се противи.
Дергути после инцидентот изјави дека Косово има потреба од демократски избори и оти не се подготвени на луксуз со исполнување на личните желби на кариерните политичари.
– Ние одлучивме да ги истераме со солзавец, бидејќи тие сакаат в петок да го прошверцуваат Хашим Тачи на местото претседател на Косово, изјави таа и ги повика граѓаните следните денови да се придружи на опозицијата која кампува пред зградата на собранието и владата.