ХАОС ВО ЕУ: После Велика Британија, сега и Шведска бара референдум за излегување од ЕУ

ukraine-protests-2

Дали Европската Унија ќе преживее доколку Велика Британија ја напушти? Велика Британија е една од најмалку ентузијастички расположени членки на ЕУ, но има уште неколку држави кои се уморни и полека му вртат грб на Брисел.

Реформаторите во Шведска се загрижени дека Велика Британија би можела да излезе од ЕУ. Бидејќи се повеќе Британци веруваат дека подобро би им било без Европската Унија, Швеѓаните започнаја исто така да размислуваат во тој правец.

 Според неодамнешната анкета на TNS Sifo, најголемата анкетна компанија во Шведска, дури 36% од Швеѓаните би гласале за напуштање на ЕУ доколку Британците се одлучат за тоа, додека 32% би гласале за останување во ЕУ. Не смееме да заборавиме дека таа иста држава се сврти против политичките класи во 2003. год. и се спротивстави на воведувањето на еврото.

Исто така, на Шведска ни малку не и се допаѓа тоа што ЕУ не успеа да се договори за неодамнешните демографски предизвици, заради што сега во Шведска има повеќе азиланти, отколку што има во било која друга држава во светот. Па, аргументите за напуштање на ЕУ се многу.

Што ако државите кои сакаат да ја напуштат ЕУ сакаат да се оформи нов глобални сојуз на држави? Дали Велика Британија ќе се најде на чело на таквиот нов меѓународен сојуз, доколку изгласа излегување од ЕУ?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.