Познатиот белградски сплав „Картел“ потона синоќа по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го следат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пренесуваат српските медиуми.
Дел од гостите гостите скокале во реката Сава и пливале кон брегот кога сплавот потонал, како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи.
-Некои почнаа да скокаат во водата и да пливаат до брегот, додека други останаа закотвени во страв. Веднаш дојдоа и родителите на гостите кои беа заглавени на сплавот. Луѓето беа нервозни. Видов дека брзата помош му помогна на едно момче. Сите беа во паника. Повикаа помош, изјавила за „Блиц“ девојка која била сведок на потонувањето на сплавот „Картел“.