Рускиот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов моментално е најпопуларната спортска личност на светот.
Нурмагомедов е во центар на внимание и секој детаљ за неговиот живот е интересен за јавноста.
Меѓу останатото, луѓето се интересираат зошто неговото десно уво има неправилна форма.
Станува збор за таканаречено “боречко” уво кое е резултат на примање многу удари.
Ударите ги уништуваат крвните садови, крвта престанува да циркулира и ткивото изумира, а се создава ново.
Ова пореметување може да го следат главоболки, па дури и губење на слухот.