Oткако пред два дена ги промовираше двете нови засилувања, Даниел Карчески и Христијан Кукески, Победа денеска го одигра и вториот подготвителен натпревар во пресрет на новата сезона во Втората лига Исток.
Црвено-белите денеска ги одмерија силите со новиот второлигаш ФК Братство од село Житоше, натпревар кој Победа го доби со убедливи 7:0.
Токму повратникот Даниел Карчески постигна хет-трик за Победа, а асистираше и при еден од останатите погодоци.
Житоше исто така ќе се натпреварува во Втората лига – Исток, па ќе имаат прилика да и’ “вратат” на Победа за овој понижувачки резултат.
Ова е втор триумф на победашите во пресрет на новата сезона, откако пред 7 дена на домашен терен со 3-1 беа подобри и од новиот второлигаш Детонит.