По повод 8 Март Денот на жената, ден што се прославува ширум светот за да се почести и признае придонесот на жените во сите сфери на животот, па и во учеството во сообраќајот, Станицата за технички преглед Авто Контрол Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната стpука при С.О.У “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, организираше превентивна активност во центарот на градот Прилеп, преку делење на флаери со едукативна содржина, а со цел да се подигне свеста за правата на жените, за рамноправност и за изборорт да бидат слободни и еманципирани во сообраќајот.
За најсмелите жени
Денешниот ден е Ваш ден. Денот на жената е прилика да се покаже вашата смелост, вашата постојаност и вашата неодолива сила. Во светот на патот, вие сте симол на увереност и независност. Вашиот ум и Вашиот дух ја поминувааат секоја далечина. Бидејќи во секој миг на возење, го докажувате вашето величество. Секое возење е ваша приказна, секој притсок на туража е ваш напредок, а секоја стапка на кочница е ваша одлучност. Бидете смели и верувајте во себе, секој километар е нова приказна за испишување.Во вашите раце е сила да го поминете секој пат пред вас.
Денес сетете се дека сте нешто повеќе од возач.
Драги дами денес и секој нареден ден потсете се на вашата сила и вредност, вие сте водечка сила!
Среќен 8 ми Март !