“Фуркан Салиу “живи” ги фати во лага градоначалникот и премиерот!?” (ВИДЕО НА ДЕНОТ)

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, денеска беа во посета на скопско Волково каде гради спортска сала.

За време на нивните изјави пред новинарите се појави една жена која пред новинарите го повика градоначалникот да каже зошто голем број од граѓаните од ова населено место немаат фекална канализација и асфалтиран пат.

Бидејќи Наумоски и Заев кажаа дека жената имала асфалтирана улица, новинарот Фуркан Салиу со возилото од ТВ Клан се упати на местото и снимија каква е состојбата таму.

“Кој лаже? Премиерот, градоначалникот или госпоѓа Перса?”, напиша Фуркан под видеото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.