Женскиот фудбалски тим од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп го освои првото место на Државното првенство во футсал и второто место во фудбал на малите олимписки игри во Кочани.
Овие девојки не беа само спортистки – тие беа воини со срце, со душа, со неуморен дух. Во само три дена тие поминаа 700км, но тоа не беше најголемата далечина што ја совладаа – тие патуваа низ болка, замор, страв и го стигнаа врвот со љубов, верба и непокор на волја.
-Секоја минута на теренот беше борба, секој здив беше посветен на тимот, на боите што ги носеа со гордост. Секоја победа, секоја солза, секој пад и повторен подем беа доказ дека срцето победува тогаш кога се игра од љубов.
Под водство на нивниот посветен ментор, наставникот Кире Стефаноски, овие девојки блеснаа како вистински шампионки. Неговата верба во нив, трпение и поддршка, беа темелот врз кој се изгради овој неверојатен успех.
Вие девојки не освоите само медали, вие освоите срца. Го докажавте невозможното. Станавте симбол на пожртвуваност, на единство, на женска сила и храброст.
Девојки, ви благодариме што не’ потсетивте што значи да се борите со срце и душа. Нека вашите чекори засекогаш одекнуваат како победнички-од Прилеп низ целата држава и подалеку – велат во соопштението од ООУ “Гоце Делчев”.