Фудбалерите Марио Ачкоски, Леонид Дерменкоски, Бобан Дебрешлиоски, Димитар Паскоски, Леонид Дамкоски, Марио Дебрешлиоски, Александар Златевски, Стево Илиќ, Бојан Шубески, Ѓорѓи Трајчески, Борче Макешоски, Филип Стојкоски, Димитар Недески, Марко Ѓорески, Димитар и Никофор Илиоски од ОУ „Кочо Рацин“ се изборија за третата позиција на државното првенство во голем фудбал. На општинскиот натпревар не само што ги победија сите четири екипи, туку завршија и без примен гол.
На државното финале пресудна била среќата на противничкиот тим. Решавајќи се на пенали, и покрај добрите шутери, некој морал да утне. Заштитник на голот, кој не дозволил ниту еднаш да се протне топката во мрежата, бил голманот Марио Ачкоски. А од стрелците се истакнале Шубески и Златевски. Но, не оставајќи се да бидат последни на табелата, со цврста игра, бодрејќи се еден со друг, зедоа барем бронза, совладувајќи ја екипата на ОУ „Пере Тошев“ од Росоман.
Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ