Францускиот амбасадор го гледаше “Ругање со Христос” и му се заблагодари на Бојаџи за ремек делото

-“Ти благодарам. Го гледав филмот вечерва. Повеќе го разбрав како медијација врз наследството на културата на насилство, отколку било што друго и пред се како химна на животот и љубовта. Ти благодарам за ова” му напишал Кристиан Тимоние, француски амбасадор во Македонија на режисерот на филмот “Ругање со Христос” Јани Бојаџи.

Бојаџи на коментарот на амбасадорот возврати:

-“Му благодарам на Амбасадорот на Франција за вниманието и интересот за филмот ,,Ругање со Христос,, и за мојата работа како уметник воопшто. Долги години избегнував вакви средби. Ги сметав за ,,кодошење,, на сопствента земја кај странци. Но веќе немам избор. Си ветив, ќе отидам кај секого каде што ќе можам да ве демаскирам, раскринкам и докажам дека ги лажете за тоа што сте: лажни левичари кои подржуваат милитаристички организации, псевдо уметници кои забрануваат и подржуваат забрана на уметност, конвертити чии татковци и дедовци биле антизападни бољшевици и каповци на комунистичките тајни служби, црвена буржуазија која триесет години создава конфликти од кои се храни и живее! Борбата е тешка. Ама ќе победиме. Вистината, секогаш победува, нели?”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.