Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон опадна овој месец, покажуваат резултатите на најновата анкета.
Ова, наведува Ројтерс, дополнително ја отежни работата на неговата администрација, која се соочува со проблемите кои настанаа по заминувањето на некои од министрите од кабинетот и скандалот со телохранителот на претседателот.
Macron's popularity falls further in September: poll https://t.co/xVWtyddtny pic.twitter.com/U7Br3ABQ1L
— Reuters Top News (@Reuters) September 23, 2018
Само 29% од испитаниците изјавиле дека се задоволни од работата на францускиот претседател, што е за 34% помалку во однос на август и 39% помалку во однос на јули, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата “Ifop”, објавени во францускиот весник “Журнал ду диманж”.