Од крвавите судири во околината на Мосул денес стигна и убава вест – деветгодишното девојче Ајша е спасена по 3 дена измачување без храна и вода.
Девојчето е пронајдено во селото Кафер, оддалечено 30 километри од Мосул. Камерата го забележа моментот кога преплашеното девојче ги здогледа спасувачите од специјалните единици.
– Јас сум многу благодарна. Мислев дека никогаш нема да дојдете. Немаме храна и вода веќе три дена. Овде сме само јас и мајка ми, а татко ми го убија терористите. Тие одзедоа многу деца од нашето село и ние не знаеме што се случува со нив. Некои се мртви. Тие луѓе и го одзедоа накитот и сите пари на мајка ми. Фала, фала многу – изјави девојчето.
Ф.Г.