Таблата која пред 2 дена беше поставена пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп, веќе не е во согласност со договорот од Преспа.
И додека “шарените револуционери” ги уништуваа спомениците, револтираните граѓани ги уништуваат таблите со “историското објаснување”.
Таблите мистериозно се појавија пред голем број на споменици низ Македонија, но исто така мистериозно и исчезнаа. На социјалните мрежи дури се појави и видео од “акцијата” пред споменикот на Филип II на плоштадот “Магнолија” во Битола.