ФОТО: Eве што му подapи пpeтceдaтeлoт Ивaнoв на Пaпaтa Фpaнциcк

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за време на денешна средба во Вила Водно, на Папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија.

Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар.

Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија.

Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.