Штета што Лудвиг не може да говори, бидејќи истражувачите имаат многу прашања за него.
Живеел околу 50 години, имал сива разбушавена брада и бледо сини очи. Човекот кој го нарекоа Лудвиг, живеел во северна Европа пред 8000 години.
Ова е првата реконструкција на човечко лице од остатоци ископани пред десетина години во Шведска.
Археолошкото наоѓалиште Канлјорден се најде на насловните страни од научните списанија во 2018 година, бидејќи на ова место биле најдени значајни археолошки остатоци, меѓу кои и чepeпи поставени на колец.
“Тоа е навистина фасцинантно и сложено место за истражување”, вели Фредерик Халгрен, директор на проектот Каналјорден.